Трговски Центар 2

Shopping Mall 2Дом центар е трговскиот центар кој е проектиран  и лоциран на крајот на низата постоечки саемски хали. Проектираните внатрешни сообраќајници  со деталниот урбанистички план, им овозможува непречен пристап на потрошувачите  и  дотур на роба.

Основниот габарит на овој објект е правоаголен и неговата парцела е со површина од  12.658 m2.  Дом центар е со вкупна површина на приземјето од 11.012 m2 и катност од подрум, приземје и кат, како и со вкупна бруто површина од 22.024 m2.

Основната намена  на овој објект е трговија со непрехранбени артикли. Објектот ќе содржи специјализирани продавници за продажба на хортикултурни производи, мебел за домаќинство и канцелариски мебел, трговија со опрема, уреди, производи за домаќинство и сл.

Истовремено дозволена е и комерцијана намена на овој објект според ДУП.

Предвидениот број на паркинг места е 580 во подземно паркирање и 580 во надземно паркирање.

 

Новости