Трговски Центар 1

Shopping MallТрговскиот центар ќе преставува централен дел  на локалитетот Ера Сити, со директна  поставеност и влез од булеварот “Александар Велики“. Овој објект е предвиден да биде современ објект со модерен архитектонски израз. Површината на парцелата изнесува 35.144 m2, утврдена со деталниот урбанистички план.

Носечката дејност на новопроектираниот трговски центар ќе биде прехрамбениот хипермаркет и поголем број продавници со светски познати брендови. Функционалните содржини на трговскиот центар се богати и разновидни (ресторани, кафе барови, мултифункционална кино сала, куглање, билијард, фитнес, велнес и сл.)

Вкупната катност  на овој објект е подрум каде е сместен подземниот паркинг, приземје и 2 ката, со дозволена висина од 15.5 м. Основата на приземјето е со површина од 28.141 m2, а развиената бруто површина според деталниот  урбанистички план изнесува 85.455 m2.

Вкупниот предвиден број на паркинг места во подрумот изнесува 1.699, а  до самиот објект 2.250 паркинг места.

Комуникацијата  на овој објект се одвива и преку проектираните внатрешни сообраќајници.

 

Новости