Тимот на ХУМАНОПОЛИС

 

Јулија Шундовска

М-р по стратешки менаџмент (University of Bologna Alma Mater Studiorum - Italia) со над 15 години искуство во сферата на проектниот менаџмент, управување со човечки ресурси (регрутрација, селекција и обука) во образованието и процесите на децентрализација во истото како и развој на вработени и интерен тренер.

Во своето работење се има здобиено со искуство во реформи за високо образование како - формиарање и менаџирање со Start Up центри и кариерни студенски центри. Нејзиното повеќе од 18 годишно искуство во областа на образованието на сите нивоа (основно, средно и високо ) како и систематските промени во него, развојот на човечкиот потенцијал, вклучувајки и менторска работа со практиканти и овозможуваат да се одликува со брза и сигурна операционализација на зацртаните цели и идејни концепции во областите на нејзиниот интерес.

Овие перформанси како експерт во повеќе комплементарни области ја прават идеално погодна за развој на човековиот кадар на сите нивоа, вработени и невработени, како и други различни консултантски услуги од областа на проектниот и бизнис менаџмент. Нејзиниот фокусот е да им помогне на компаниите подобро да ги извршуваат - менаџираат зацртаните цели како и своите човечки ресурси, а исто така да им помогне на индивидуалците да направат лични промени кои квалитетно ќе го унапредат нивниот професионален и личен живот.

Јулија Шундовска е сертифициран советник и тренер за развој на кариера по програмата Global Career Development Facilitator (GCDF). Global Career Development Facilitators – GCDF (www.cce-global.org <http://www.cce-global.org> ) е програма за обука и сертификација развиена од CCE (Center for Credentialing and Education) од САД. GCDF сертификатот обезбедува услуги во планирањето и развојот на кариерите на вработените во една организација, како и индивидуално кариерно советување.


Јулика Шундовска

CV

 

Новости