Општ преглед

Денес, Скопски Саем се наоѓа на површина од 25.000 m2 од кои 16.000 m2 е покриен простор во шест изложбени сали, архитектонски и функционално поврзани и формирани во оригинален објект. Отворениот изложбен простор е опремен да ги исполни барањата на модерното излагање.

Скопски Саем е исто така информатички, бизнис и маркетинг центар кој нуди простории за прес и конференции, семинари, симпозиуми, презентации ...

Освен саемски организациски аранжмани, ние нудиме и шпедициски услуги, сместување и организиран транспорт, патувања, посети на саеми во странство и во автентичен амбиент на нашата Винарија организираме и бизнис состаноци.

Секоја година саемот е домаќин на над 2.000 домашни и странски компании, издавачки куќи, производители и трговци, кои се претставуваат пред околу 1.000.000 посетители.

Календарот на настани на Скопски саем вклучува 19 меѓународни и 3 локални саеми и специјализирани изложби. Секоја година Скопскиот саем организира групно национално учество во странство. Тој е исто така бизнис партнер на неколку саемски организатори од регионот. Од 1995 година Скопскиот саем е член на УМС (Унија на меѓународните саеми), Париз.


Прочитајте за нашите слични проекти: Виртуелни канцеларии , Конгресен центар , Метрополис арена , Еко енергетика
 

Новости