Катни Гаражи

Floor Parking  1

Бројот на предвидени паркинг места во оваа катна гаража изнесува 1.010 паркинг места, а надворешното паркирање е обезбедено со 233 паркинг места. Овој објект со неговата директна атрактивна поставеност на  фреквентниот булевар ”Александар Македонски” ќе биде граден во архитектонски модерeн стил со висок, во околината, препознатлив стандард.
 
Катната гаража која е поставена помеѓу трговскиот центар Дом центар и постоечките саемски хали, е со површина од 1.555 m2 во основа, катност од приземје и 4 ката и вкупна развиена површина од 7.775 m2. Оваа катна гаража ќе биде во можност  да обезбеди паркирање на 415 возила. Комуникацијата со оваа гаража е преку економскиот влез во локалитетот Era City, преку улица бр 1.

Катната гаража која е поставена  на улица “Беласица”, веднаш до Управната зграда  на саемот, е предвидена да биде објект со катност од приземје и 4 ката. Овој објект според деталниот урбанистички план е со производствена,  дистрибутивна  и сервисна намена.

Објектот е со вкупна развиена површина од 10.600 m2 и површина на приземјето од  2.120 m2. Предвидениот број на паркирни места во катната гаража изнесува 565.

 

Новости