Деловен Објект 1

Business BuildingДеловниот објект кој ќе има комерцијална и деловна намена, е проектиран како објект со модерен архитектонски израз, препознатлив стил и високи стандарди. Објектот со едната страна е лоциран на улица “Беласица”, на северозападниот агол на  на комлексот Era City.

Деловниот објект би бил наменет за странски организации и фирми, кои влегле на македонскиот пазар, како и за мали и средни претпријатија, преставништва и институции за нивна афирмација на пазарот на Југоисточна Европа.

Во приземјето на објектот проектирани се трговски простори.

Основниот габарит на објектот е со димензии 73.65 m / 34.85 m, висината на габаритот изнесува 42.00 m од котата на теренот. Објектот има  11 надземни нивоа  (приземје + 10 ката) и две  подземни нивоа  (паркинзи и технички простории). Вкупната бруто површина на деловниот објект е  33.600 m2.

Подземните нивоа на објектот се дилатираат  и продолжуваат на источната и западната страна во однос на основниот висок габарит на објектот, како би се добиле 304 паркинг места. Бројот на надземните  паркинг места е  предвиден да изнесува 714.

 

Новости