Области, форми на делување и активности

Humanopolis croud

Приоритетни програмски насоки на Фондацијата ХУМАНОПОЛИС се во следните области:

  • Образование
  • Бизнис и менаџмент
  • Агро сектор и рурален развој
  • ИТ технологии
  • Енергетика
  • Животна средина
  • Туризам
  • Култура
  • Граѓанско општество
  • Јавна управа и локалнта самоупрва

Фондацијата ХУМАНОПОЛИС  делува на различни начини и во различни форми на неформално образование, консултантство и поврзување, кои се секогаш современи, напредни и даваат практични резултати:

  • Неформални образовни активности - обуки, дебати, тркалезни маси, работилници, семинари, симпозиуми, конференции и др.
  • Јакнење и развој на човечките потенцијали и перманентен развој на истите преку сите форми на неформално образование и проектни активности
  • Градење и зајакнување на врските помеѓу образованието и бизнис секторот на национално и регионално ниво преку  инфо-средби, работилници, форуми, дебатни клубови, блогови и др.
  • Помош  при  формирање на алтернативни решенија во бизнис секторот (за невработените и стечајните работници) со овозможување на доедукација / преквалификација на заинтересирани целни групи (vocational trainings)
  • Да се овозможи постојано следење на барањата на пазарот на трудот во земјата и регионот (јавната администрација и приватниот сектор) преку постојани истражувања и анализи и подготвување на релевантна и ажурирана дата база
  • Пренос на знаења и искуства во различните области преку екпертиза на професионалци од земјава и странство / предавања, трибини, обуки и др. 
  • Поврзување и формирање стратешки партнерства за клучни проекти на национално, регионално и глобално ниво (особено проекти од претпристапните фондови на ЕУ и особено партнерства со организации и институции од Словенија, како една од водечките земји во искористувањето на ЕУ фондовите)
  • Поддршка на нови научни иницијативи (истражувачки и развојни) кои се значајни за пазарот 
  • Создавање  центар за  креирање, надградба и професионализација на кадри  за потребите на македонските институции и компании
  • Создавање центар за поттикнување и помош при создавање на нови претпријатија
  • Градење  трајни релации меѓу  активните субјекти  во  различните области преку поддршка на различни форми на здружување, како комори, кластери, асоцијации итн.
  • Дизајнирање и стимулирање на програми за практикантство и поддршка на талентирани студенти
  • Хуманитарни форми на делување за спроведување на корпоративната и општествената одговорност на компанијата

Во дополнителни услуги во рамките на Саемските манифестации, или независно од нив, ХУМАНОПОЛИС овозможува комплетно организирање на најразлични активности, како:

  • Презентации
  • Промоции
  • Форуми
  • Дебати
  • Тркалезни маси
  • Семинари
  • Работилници
  • Конференции
  • Симпозиуми
  • Б2Бсредби
 

Новости