КОНКУРС: ДИЗАЈН НА ДРВЕН СТОЛ

Во организација на Групацијата Скопски саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје за САЕМОТ ЗА МЕБЕЛ, МЕБЕЛ 2018
ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА:
ДИЗАЈН НА ДРВЕН СТОЛ


Конкурсот е отворен од: 25 септември до 10 октомври 2018 наменет е за сите автори над 18 години од земјава.

Сакаме да предизвикаме позитивен став кон дрвото и да промовираме модерно размислување за неговото значење затоа што:
Дрвото е природен материјал кој со својата единствена структура, боја и мирис ги привлекува дизајнерите. Столот има потенцијал да го измени просторот. Тој може да биде убав, корисен, креативен...

• На конкурсот за дизајн на стол во рамки на манифестацијата ,,Саем за Мебел 2018“ - сакаме да го наградиме креативното решение и да ја реализираме идејата на авторот.
• Ако имате дизајн кој се издвојува од масата - пријавете се на нашиот конкурс.

ЦЕЛНА ГРУПА: АВТОРИ НАД 18Г (ДИЗАЈНЕРИ, АРХИТЕКТИ, ИНЖЕНЕРИ, МЕБЕЛИСТИ, СТОЛАРИ, СОПСТВЕНИЦИ НА ПРОИЗВОДСТВА НА МЕБЕЛ, ТРГОВЦИ СО МЕБЕЛ, СИТЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НА НЕКОЈ НАЧИН ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА РАЗВОЈ НА ДИСКУСИЈАТА ВО ПОЗИТИВНА НАСОКА.
Рокови: 25 септември до 10 октомври 2018

Дај и можност на твојата идеја да блесне.

Целта на конкурсот е дизајн на едноставен, функционален и ергономски стол. Стол кој ќе ја подигне свесноста на корисникот за важноста на коегзистенција на човекот и природата. Дрвото е суровина која ја имаме во изобилство, сепак не е искористена колку што би можела да биде.
Победничкиот предлог ќе биде реализиран како предпродукцијски прототип. Истиот потоа ќе биде промовиран на сите партнерски платформи со кои Саемот за Мебел има соработка.
Бројот на предлози на секој од авторите е ограничен на два. Кандидатите на возраст над 18 години можат да се јават како поединци или група автори.

Кандидатите своите предлози треба да ги достават во две копии во боја во А4 формат, печатена, но и електронска верзија, како и да се даде кус опис на дизајнот и предвидениот материјал кој ќе се користи за изработка на столицата!
Адреса: Бул. 8-ми Септември, бр.13, 1020 Скопје, П.Фах.85
Email:shundovska@skopjefair.com.mk

 

Новости