Дебата: „Оргинал или Копија“

 

ДЕБАТА


ТЕМА: „ОРГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА“ 

 

Датум: 10.10.2018  
Време:12.00-14.00 часот  
Место: Конгресен центар ВИП АРЕНА /Сала во Борис Трајковски  


Организатори: Групација Скопски саем и  Факултетот за дизајн и технологии на мебел и  ентериер, УКИМ - Скопје

 

Кратка содржина:
Трибината го отвора прашањето ,,оригинал или копија,,.
Од осамостојувањето на РМ до денес Индустријата за производство на мебел претставува значајна гранка во стопанството на земјата. Во нејзиниот развој е забележан и прогресивен раст. Тоа се важни податоци, значи македонската индустрија за производство на мебел има потенцијал да стане една од најзначајните стопански гранки во земјава.

 

Сепак начинот на кој работат најголемиот број производствени претпријатија за мебел е по принципот на копирање на готов елемент мебел купен од друг производител од соседните земји, кој потоа се расклопува и се произведува. на овој начин се прават автентични копии на многу столови од европскиот пазар кај нас.

 

Што добиваме на овој начин? Добиваме копија која секој нареден пат кога ќе сакаме да ја продадеме на пазарот ќе се плашиме дали од некаде ќе ни стигне тужба за авторски права на дизајнот кој не е наш.

 

Со поддршка на дизајнот и професијата дизајнер на мебел и ентериер во стопанството, производителот добива многу повеќе. Добива ОРИГИНАЛ. Потоа тој оригинален производ може да го понуди во целата ЕУ.

 

„Копирањето е опасно - оригиналот е за восхит“ 

 

МОДЕРАТОР (И): 

 

ПРОФ. Д-Р ЕЛЕНА НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ,Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје   (УКИМ)
ПРОФ. ЗЛАТЕСКИ ГОРАН,  Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје (УКИМ)  

 

ГОВОРНИЦИ: 

 

ИНЖИЊЕР ОД КЛАСТЕРОТ на дрвната индустрија
СТОПАНСТВЕНИЦИ ОД МЕБЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА
РОСАНА ШИМУНОВИЌ, ПРЕТСТАВНИК ОД КЛАСТЕРОТ НА ДРВНА ИНДУСТРИЈА, ГОСТИН ОД ЗАГРЕБ
АРХ.БЕСИЈАН МЕХМЕТИ
ИНЖ. ЈОРДАНОВ ДАНЧО

 

ЦЕЛНА ГРУПА:    

 

СТУДЕНТИ,  ДИЗАЈНЕРИ, АРХИТЕКТИ, ИНЖЕНЕРИ, МЕБЕЛИСТИ, СТОЛАРИ, СОПСТВЕНИЦИ НА ПРОИЗВОДСТВА НА МЕБЕЛ, ТРГОВЦИ СО МЕБЕЛ, СИТЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НА НЕКОЈ НАЧИН ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА РАЗВОЈ НА ДИСКУСИЈАТА ВО ПОЗИТИВНА НАСОКА.     

 

Новости