МЕБЕЛ 2018 - Најатрактивната и напосетена саемска манифестација

МЕБЕЛ 2018

44. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел.

Најатрактивната и напосетена саемска манифестација годинава ќе се оддржи од 9. до 14. октомври на површина од 8000м2 во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски.

На саемот учество ќе земат најголемите производители и трговци на мебел од земјава и регионот.

Скопски Саем во соработка со ЈСП воведува две вонредни линии за време на саемот до комплексот ВИП Арена Борис Трајковски, линија 100/1 и линија 200/1.

И оваа година на саемот се предвидени големи саемски попусти, награди за изложувачите и изненадувања за посетителите.

Влезници се купуваат на билетарниците на влезот во износ од 100 денари, а работното време е секој ден од 10 до 20 часот.

Скопски Саем - Саем за сите сезони!

 

Новости