main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

Времетраење:07.05.2015 - 09.05.2015

Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век. Меѓународниот саем за туризам “Скопје травел маркет” со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.

ЗОШТО СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ?

- Единствена можност за промоција на домашната и меѓународна туристичката понуда
- Директни средби, контакти и преговори со постојните и потенцијални партнери и корисници на туристички аранжмани
- Можност за организирање на работилници, “B2B” средби со туроператори и туристички агенции
- Запознавање со потребите и желбите на корисниците на туристички аранжмани
- Истражување на пазарот за идните маркетинг и други активности

СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ Е НАМЕНЕТ ЗА:

- Туристички агенции и туроператори од земјава и странство
- Сопственици на хотели, ресторани, кампови и други туристички објекти
- Стручни и професионални организации и здруженија
- Потенцијални инвеститори во туристичка индустрија
- Туристички организации и асоцијации
- Авиокомпании 
- Туристички транспортни компании
- ХОРЕКА
- Држави и министерства за туризам, економија и образование
- Државни агенции за туризам
- Туристичко-угостителски комори
- Хардверска и софтверска поддршка во туризмот
- Општини 
- Други видови на туризам: спортски, лов, риболов, наутика, етно, казино, вински, ...
- Образовни институции
- Медиуми
- Домашна и странска публика

 ПРИДРУЖНИ МАНИФЕСТАЦИИ

- Бројни презентации и промоции на туристички дестинации
- Национални претставувања на земјите учеснички и промоција на нивната туристичката понуда
- Тематски трибини
- Стручни работилници
- “B2B” средби
- Промоции на книги  од областа на туризмот
- Доделување на Grand Prix за најдобра промоција  и презентација на саемот
- Трето државно првенство на бармени



2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011


 

Новости