main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012

2. Меѓународен саем за туризам

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ 
Свеченото отворање на саемот ќе биде во вторник на 24.04.2012 година во 11:00 часот во Метрополис Арена-хала 1 
Период на одржување: 24.04-28.04.2012 
Работното време за посетители е од 10:00-20:00 часот
Цената на влезницата изнесува 30 денари
Цената за организирана групна посета изнесува 20 денари

Logo Земја партнер: Република Бугарија

Logo Партнер: Стопанска комора за туризам на Македонија

Времетраење:24.04.2011 - 28.04.2011

СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012

Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21 век. Меѓународниот саем за туризам Скопје травел маркет со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.

ЗОШТО СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012
- Единствена можност за промоција на туристичката понуда и нејзино насочување кон целните пазари
- Можност за презентација на домашната  туристичка понуда
- Директни средби, контакти и преговори со постојните и потенцијални партнери и корисници на туристички аранжмани
- Работилници, B2B средби со туроператори и туристички агенции
- Запознавање со потребите и желбите на корисниците на туристички аранжмани
- Истражување на пазарот за идните маркетинг и други активности

ПРИДРУЖНИ МАНИФЕСТАЦИИ
- Бројни презентации и промоции на туристички дестинации
- Национални претставувања на земјите учеснички и промоција на нивната туристичката понуда
- Тематски трибини
- Стручни работилници
- B2B средби
- Промоции на книги  од областа на туризмот
- Доделување на Grand prix за најдобра промоција  и презентација на саемот
- Наградна игра за посетители - награден ваучер  за саканата туристичка дестинација

Општи показатели за СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2011
- 12 000 посетители
- 60 директни изложувачи
- 130 индиректни изложувачи

РАБОТНА ПРОГРАМА



2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011


 

Новости