main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

 

ПРОГРАМА   
18.10.2011 (вторник)
Настан 1.:

ТРКАЛЕЗНА МАСА:
Енергетски предизвици, актуелна состојба и банкарство

Место:
Дипломатик сала / Конгресен центар / Скопски саем             
Време:                 

12:30 - 15:30 (кафе пауза 14:00 – 14:15)

Организатори:      
Агенција за енергетика на Македонија и Скопски саем
Модератор:      
проф. д-р Кочо Анѓушев, Машински факултет Скопје
Краток опис:

Енергетиката денес се соочува со многубројни предизвици. Во Македонија
постои голем интерес за инвестирање во енергетскиот сектор но и тука како и
на друго место има предизвици кои мора да се совладаат. Предизвици во
легислативата, во нови технологии, во имплементации на современи
енергетски објекти. Тркалезната маса ќе ги собере сите релевантни фактори и
засегнати страни кои се инволвирани во предизвиците на актуелната состојба
во енергетскиот сектор.
За можните начините на подобрување на целокупната состојба во енергетскиот сектор ќе дискутираат: производителите, потрошувачите, инвеститорите, креаторите на политики и банкарите.

Учесници:         

Претставници од: Топлификација, ЕВН, ЕЛЕМ, МЕПСО, Регулатрна комисија за
енергетика, ГАМА, Макпетрол, Здружение на потрошувачи на Македонија,
експерти од областа на енергетиката, претставници од бизнис секторот
заинтересирани за инвестирање во енергетиката...

Целна група:
Приватни претпријатија, инвеститори, граѓани, општини, итн.
Настан 2.: 
Mеѓународен брокерски настан – ТЕХНО СРЕДБИ 2011 Б2Б средби
Место:
Хотел КОНТИНЕНТАЛ 
Време:
12:00 - 16:00
Организатор:    
Европски информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)
Целна група:
Клиенти заинтересирани за технолошка и деловна соработка
Настан 3.: 
КОМПАНИСКИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Место:
Метрополис Арена / Панел сала
Почеток:

13:00    Конти хидропласт
13.30  ГеоЕНЕРГЕТИКА д.о.о. Мурска Собота (Словенија)

   КОНФЕРЕЦИЈА

19.10.2011 (среда)
Настан 1.:        
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
Тема:   

Постапки, примери и добри практики за инвестирање во обновливите
извори на енергија

Време:
10:00 – 14:00
Место:
Метрополис Арена / Панел сала
Организатори:
Агенција на енергетика на Република Македонија и Скопски саем
 

10:00 – 11:30

Тема 1.::

Надлежности, активности и идни гледишта на Агенцијата за енергетика на  Република Македонија

Панелист 1.:
Лазар Гечевски, директор на АЕ на РМ
Тема 2.:          

Активности во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Панелист 2.:

Елизабета Спиридонова, Организација на потрошувачи на Македонија

Тема 3.:

Поправедно, Почисто, Побезбедно; На патот кон одржлив, енергетски развој насочен кон интересите на граѓаните во регионот на Југоисточна Европа

Панелист 3.:

Соња Зубер, невладина организација „Аналитика“

Тема 4.:

Добри практики од Европа при инвестирање во солар-термал постројки и
можности во Македонија

Панелист 4.:  

Сања Поповска-Василевска, Професор на Технички факултет – Битола, УКЛО

11:30 – 12:00
Кафе пауза
 

12:00 – 13:30

Тема 5.:

Статус, активности и резултати на проектот ЕНЕР-СУПЛАЈ; Имплементација на ЕУ енергетската регулатива во Италија; Covenant of Mayors

Панелист 5.:
Марко Капонигро, Проект менаџер на проектот ЕНЕР-СУПЛАЈ
Панелист 6.:
м-р Стане Уршиќ, Потпретседател на УО на Хидриа д.д. Словенија
Тема 7.:    
Проект: Универзитетски кампус со ниска емисија на CO2
Панелист 7.:
претставник од ЕЛЕМ
Тема 8.:   
Производство на биодизел во Македонија
Панелист 8.:        

Кристијан Мелис, Програмски менаџер, Министерство за животна средина и земја на Италијаво Република Македонија

 

13:30 – 14:00
Дискусија – отворена дебата
14:00 – 15:00   
Коктел (во Управна зграда на Скопски саем)
Настан 2.:                   
ТРКАЛЕЗНА МАСА
Тема:

Индикатори за мерење на успешноста на кластерското работење во Република Македонија

Време:

09:30 – 14:30

Место:
Дипломатик сала / Конгресен центар / Скопски саем
Организатори:     

ИТЦ Консалтинг – Скопје и Министерство за економија на Република
Македонија

Модератори:

1. м-р Золтан Бендо,  европски експерт за стратегија и финансии – Унгарија
2. проф. д-р Весна Стојановска, експерт за одржлив развој кај МСП
3. м-р Александар Караев, консултант  за развојот на кластерските иницијативи

Краток опис:

Тркалезната маса  ќе опфати споредбена анализа на кластерските политики во Европа и во регионот со македонското искуство во процесот на кластеринг и поддршката на кластерите. Ќе се користи интерактивен пристап со кластерските здруженија, во функција на што подобро нивно претставување на тркалезната маса, во функција на нивно промовирање на домашен и
меѓународен план. Предлозите на кластерите за индикаторите со кои ќе се мери нивната успешност ќе бидат од особено значење, кои комбинирани со предлозите од страна на научната јавност, ќе придонесат за дефинирање на индикатори, со кои навистина ќе може да се оцени успешноста на кластерите, а со тоа и успешноста на политиките кои се спроведуваат за поддршка накластерските здруженија во Република Македонија.

Учесници: 

Компании и управни одбори на посточките и идни кластерски асоцијации како
и учесници од научната сфера и претставници од неколку ресорни
министерства.

Целна група:

Носителите и активните учесници во кластерското вмрежување во Република Македонија

Настан 3.: 
КОМПАНИСКИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Место:
Метрополис Арена / Панел сала
Почеток:

14:30    ЕРИКО д.о.о. Велење (Словенија)
15.00    ХИДРИА а.д. Љубљана (Словенија)

20.10.2011 (четврток)
Настан 1.:        
РАБОТИЛНИЦА (еднодневна)
Тема:

Можности и пречки при аплицирањето на успешни проекти на малите и средни претпријатија во областа на еко–енергетиката и во други техничко-технолошки производствени системи на ЕУ повици и тендери

Време:                     
09:00 -17:00
Место:
Дипломатик сала / Конгресен центар / Скопски саем
Котизација:           
6.200 ден. + ДДВ                         
Организатор:      
Скопски саем и ХУМАНОПОЛИС, Фондација за едукација и развој
Предавач:        
Антон Флориан Баришиќ (Chronos) Хрватска
Краток опис:    

Ќе бидат нагласени програмите на ЕУ и можностите кои ги нудат истите. Потоа ќе бидат презентирани главните елементи кои ги содржи една апликација со краток опис на истите. Секој учесник на крај ќе треба да предложи идеа која накратко ќе ја разработи и која потоа ќе ја разгледа експертот/предавачот.Секој учесник ќе добие сертификат за учество.

Целна група:

Сите компании кои сакаат да научат за процесот на пополнување на апликации на повиците и тендерите во ЕУ во секторот на еко–енергетика како и компаниите кои се претставуваат на Технома 2011.

Настан 2.: 
КОМПАНИСКИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Место:
Метрополис Арена / Панел сала
Почеток:
10:30    Инокс д.о.о. Мурска Собота (Словенија)
 

* Организаторот го задржува правото на измени и дополнувања на Програмата

 

Партнер во програмскиот дел на Технома 2011: www.ea.gov.mk

АЕРМ и Технома 2011



2018   |   2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости