main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

САЕМ НА КНИГА 2013

25. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa
Рок за пријавување: 15.02.2013

Времетраење:09.04.2013 - 15.04.2013

 

САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

25-тиот, јубилеен по ред Саем на книгата 2013  несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.

Читателите, традиционално, ќе може да го следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Читајќи книга овозможете си луксуз на душата....

Во рамките на саемот и оваа година продолжуваме со веќе традиционалната акција “Подари книга, подари богатство” со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија. Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание. Кампањата е насочена за поддршка на издавачката дејност преку стимулирањето на купувањето книги и љубовта кон пишаниот збор, како трајна вредност што облагородува.

Општи показатели за САЕМ НА КНИГАТА 2012

- 38.600 посетители
- 75 директни изложувачи

Учесници од: Република Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Турција, Албанија, Италија и Велика Британија.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

РАБОТНА ПРОГРАМА 



2019   |   2018   |   2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости