main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

САЕМ НА КНИГА 2012

24. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ 
Свеченото отворање на саемот ќе биде во понеделник на 23.04.2012 година во 19:00 часот во Управна загада на Скопски саем
Период на одржување: 24.04-29.04.2012 
Работното време за посетители е од 10:00-20:00 часот. 
Цената на влезницата изнесува 30 денари. 
Цената за организирана групна посета изнесува 20 денари. 

Времетраење:24.04.2012 - 29.04.2012

Мебел 2011Сања Кондарко
Оперативен директор на проект
Тел:  02 3218 314
Факс: 02 3218 375
Моб:  070 383 605
kondarko@skopjefair.com.mk
book@skopjefair.com.mk

Почитувани изложувачи,

Меѓународниот Саем на книгата, како една од најголемите културни манифестации во земјата, претставува водечки настан за поклониците на убавиот збор и вистински празник за сите вљубеници во печатеното издание.

Во деновите на саемот посетителите освен најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваат бројни тематски средби и пригодни изложби.

Читателите, традиционално, ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи.

Сето ова го покажува значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Читајќи книга овозможете си луксуз на душата.....

Поттикнати од успешното реализирање на акцијата “Подари книга, подари богатство” во 2011, каде познати личности од различни области: актери, пејачи, водители, новинари, луѓе од светот на модата кои купија книга за да подарат богатство на своите најмили, сакаме оваа активност да добие карактер на традиционален настан во рамките на саемот. Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание.

Општи показатели за САЕМ НА КНИГАТА 2011
- 40.500 посетители
- 74 директни изложувачи

Учесници од: Република Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Србија, Италија



2019   |   2018   |   2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости