main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

МЕБЕЛ 2014

40. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел

Времетраење:25.03.2014 - 30.03.2014

40.Меѓународен саем МЕБЕЛ 2014, ќе се одржи од 25-30.03.2014 година.

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој во 2014 година го обележува својот 40 годишен јубилеј е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пшироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.

МЕБЕЛ како една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.

Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од  нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

 

Корисни информации за изложувачи

Брошура

 

 

 



2018   |   2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости