main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

МЕБЕЛ 2009

35. Meѓунaрoдeн сaeм нa мeбeл, oпрeмa зa дoмaќинствa и jaвни oбjekти, рeпрoмaтeриjaли и мaшини зa индустриja нa мeбeлВреметраење:24.03.2009 - 29.03.2009

Mebel FairМеѓународниот саем МЕБЕЛ, кој оваа година го одбележува 35-то издание е водечки настан во модерниот и класичниот мебел и дизајн. Над 80.000 заинтересирани посетители ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учеството на повоќе од 400 интернационални изложувачи го прават овој саем возбудливо, освежувачко и забавно дружење.

МЕБЕЛ, како еден од најатрактивните манифестации кај нас е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите интересни штандови кои покрај мебел за домот, го трасиираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и зифни декорации, мебел штоф, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, мапини и опрема за преработка на дрво заслужуваат целосно внимание на овој саем.

Со Вашето презентирање на МЕБЕЛ 2009, преку инвентивните и убаво уредените штандови, на едно место ќе ја обединиме понудата на трендовскиот дизајн и стил во индустријата за мебел, актуелните бои и најновите линии во уредувањето и на внатрешниот и на надворешниот простор, при што вашата компанија ќе се презентира во најдобро можно светло пред многубројната публика.

МЕБЕЛ 2009 е вистинското место за откривање на нови идеи и привлекување на нови потрошувачи. А нови потрошувачи значат и нови можности за сите изложувачи.

Тука, на саемот МЕБЕЛ, посетителите ќе можат да ги најдат Вашите производи, Вашите брендови и најважното од се, ќе можат да Ве најдат Вас и да бидат ИНСПИРИРАНИ од Вас.



2018   |   2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости