main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2013

16. Меѓународен саем на образование и кариера
Рок за пријавување: 15.02.2013

Времетраење:10.04.2013 - 12.04.2013

Современиот и иновативен високообразовен систем кој ги доближува знаењата на студентите до барањата на пазарот на трудот претставува двигател на општестениот развој. Во таа насока, настанот ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА се организира со цел на младите луѓе и студентите да им помогне при изборот на нивната идна професионална ориентација,  односно образовната институција каде ќе го продолжат своето образование, компанијата каде што ќе се вработат по дипломирањето, програмите за стручна доквалификација во одредени области како и начините и можностите за финансирање на студиите.

Манифестацијата  ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразобни институции од земјата и странство кои ги претствуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции. Овој настан е наменет за студентите од сите степени, како и ученици од средно образование-идни струденти кои треба да донесат правилна одлука за нивната натамошна наобразба и професионална ориентација.

Искористете ја можноста директно пред Вашите идни студенти да ги презентирате и промовирате Вашите најнови едукативни програми и поволностите и предностите кои им ги нудите

Партнер на саемот:

 

Општи показатели за Денови на образование и кариера 2012

- 30.000 посетители
-  45 Универзитети со повеќе од 170 факултети
- Учесници од: Република Македонија, Турција, Грција, Унгарија, Италија, Германија, Словенија, Канада, Велика Британија, Чешка, Словачка, Бугарија, Србија, Хрватска и Данска

ЦЕЛНИ ГРУПИ

  - Универзитети и факултети од Република Македонија
  - Универзитети и факултети од странство
  - Министерство за образование и наука на Република Македонија
  - Институции од земјата и странство кои нудат стипендии
  - Агенции за вработување и кариера
  - Меѓународни развојни агенции
  - Агенции за човечки ресурси
  - Други образовни институции од странство

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

РАБОТНА ПРОГРАМА



2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости