main fair
За изложувачи
За посетители
За медиуми
Галерија

ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2012

15 Меѓународен саем за образование и кариера

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Свеченото отворање на саемот ќе биде во вторник на 24.04.2012 година во 18:00 часот во Хала 4 на Скопски саем
Период на одржување: 25.04-28.04.2012 
Работното време за посетители е од 10:00-20:00 часот
Цената на влезницата изнесува 30 денари
Цената за организирана групна посета изнесува 20 денари.

Времетраење:25.04.2012 - 28.04.2012

Мебел 2011

Сања Кондарко
Оперативен директор на проект
Тел:  02 3218 314
Факс: 02 3218 375
Моб:  070 383 605
kondarko@skopjefair.com.mk
education@skopjefair.com.mk

Oбразовен информативен центар
Тел/Факс: 02 3246 304
Моб: 075 390 218
oicsk@oic.org.mk

Почитувани учесници,

Современиот и иновативен високообразовен систем кој ги доближува знаењата на студентите до барањата на пазарот на трудот претставува двигател на општестениот развој. Во таа насока, настанот ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА се организира со цел на младите луѓе и студентите да им помогне при изборот на нивната идна професионална ориентација,  односно образовната институција каде ќе го продолжат своето образование, компанијата каде што ќе се вработат по дипломирањето, програмите за стручна доквалификација во одредени области како и начините и можностите за финансирање на студиите.

Манифестацијата  ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразобни институции од земјата и странство кои ги претствуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции. Овој настан е наменет за студентите од сите степени, како и ученици од средно образование-идни струденти кои треба да донесат правилна одлука за нивната натамошна наобразба и професионална ориентација.

Искористете ја можноста директно пред Вашите идни студенти да ги презентирате и промовирате Вашите најнови едукативни програми и поволностите и предностите кои им ги нудите

Причини зошто да учествувате на манифестацијата:

- Промовирајте ги образовни програми и предности пред широка публика
- Направете директен контакт на едно место
со заинтересираните млади луѓе и идни студенти
- Зголемете го бројот на новозапишани студенти
- Сретнете се и соберете искуства од странски високообразовни институции

Општи показатели за Денови на образование и кариера 2011

- 30.000 посетители
- 51 директeн изложувач
- Учесници од: Република Македонија, Република Словачка,   Србија, Германија, Грција, Канада, Австрија, Италија,  Словенија, Унгарија, Велика Британија

Земја партнер во 2011: Република Словачка

Програма



2017   |   2016   |   2015   |   2014   |   2013   |   2012   |   2011   |   2010   |   2009


 

Новости